Може ли да купиме сезонски билети за прес-конференциите на Ѕвезда?

Тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, на прес-конференцијата пред мечот со Хелсинки се препотуваше и имаше борба со самиот себе, се обидуваше да гледа во микрофонот, наместо таму каде што му одеше погледот, а тоа беше во правец на градите на портпаролката на клубот, Татјана Шајковиќ.

Згодната Татјана со длабокото деколте го деконцентрираше Милојевиќ, кој со сите сили се обидуваше да гледа секаде, само не во градите на жената која седеше до него. Само на почетокот „му се испушти“ да фрли краток поглед на градите.

Некои фанови се пошегуваа, па прашаа дали може некаде да се купат сезонски билети за прес-конференциите на Ѕвезда за да можат и тие од блиску да ја гледаат Татјана.

Во Србија изгледа станува пракса клубовите да ангажираат згодни девојки задолжени за односи со јавноста. И Војводина има атрактивна гласоговорничка, Беба Кружевиќ, па тренерот Лалатовиќ истотака „се мачеше“ додека требаше да одговара на прашања, а паметот му беше на друго место.

- Оглас -

Најнови вести