На Несторовски му личи да е бјанконеро (Фото)

Илија Несторовски во следните три сезони ќе ги брани боите на Удинезе. Македонскиот репрезентативен напаѓач дојде во тимот од Удине како слободен играч, откако Палермо беше исфрлен во аматерска лига, па играчите беа принудени да си бараат нови клубови.

„Сите добро го знаат Несторовски. Нема потреба да ги истакнувам неговите квалитети. Тој покажа способност да постигнува голови во сите категории, вклучувајќи ја и Серија А. Му благодарам што ги одби другите понуди и прифати да игра за Удинезе“, изјави спортскиот директор на калчолигашот, Пјерпаоло Марино.

Несторовски гордо позираше со шал на Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести