После примените седум кола на дуелот со Атлетико Мадрид, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан рече дека на полувреме им порачал на фудбалерите две работи, а после средбата не сакаше да влезе во соблекувална, туку веднаш замина на прес-конференција.
„Многу лошо влеговме во мечот, по осум минути беше 0-2, како да не игравме во првото полувреме, бевме невидливи, немаше ништо, особено немаше никаков интензитет кој е потребен за мечеви со ваков противник. Ни дадоа 7 гола, тоа не смее да се случи, и играчите го знаат тоа. Бевме надиграни, но ова уште е подготвитеен период и мирни сме. Ќе бидеме подготвени за стартот на сезоната на 17-ти август. Убеден сум дека ќе имаме добра сезона, но сега не можеме да бидеме задоволни. Поразот ме боли, но не ме загрижува“ – кажа Зидан кој има за решавање многу проблеми.