Воопшто не ми се допаѓа играта на Ромело Лукаку, а ако Интер плати 85 милиони евра, тоа ќе биде лудост, вели Антонио Касано, легендата на италијанскиот фудбал.
Долго трајат преговорите меѓу Манчестер јунајтед и Интер за трансфер на белгискиот репрезентативец, а сумата што како отштета ја бараат „црвените ѓаволи“ е превисока според Касано.
„Подобро за Интер е да го задржат Икарди, или да го пуптат во Јувентус, а во замена да го добијат Игуаин. Лично мене многу подобра опција ми е Аргентинецот да дојде во Интер, наместо да се фрлат 85 милиони евра за Лукаку“, изјави Касано.
Постои и опција да дојде до замена на напаѓачи меѓу Јувентус и Интер, а шампионот да се засили со Икарди и да го испрати во Милано Игуаин со доплата на одредена сума пари, опција што е по вкус на Касано.
Антонио Касано е поранешен играч на Интер, клуб за кој во сезоната 20012/13 одигра 28 натпревари и постигна 7 голови.