Реал Мадрид го откажал трансферот на Бејл во Кина?

Герет Бејл останува член на Реал Мадрид уште некои време, откако шпанскиот клуб во последен момент го откажал трансферот на своето крило во кинескиот клуб Џијангсу каде Бејл требаше да земе плата од дури 1 милион фунти неделно. Информацијата за пропаднатиот клуб засега ја објавија прво британски, а потоа и по некој шпански медиум.

Доколку е вистина дека Реал не дозволува Бејл да прејде во Кина, тоа може да се толкува и како потег со кој „кралскиот клуб“ има подобра варијанта за себе. Тешко дека 30-годишниот Бејл ќе остане во Реал во следната сезона, но можеби клубот нашол купувач кој е подготвен да плати задоволителна отштета за Бејл, кој има и голема плата, па и тоа е пречка. Реал не сака да го даде Бејл во Кина без да добие пари како отштета, а Кинезите му нуде огромна плата ако дојде како слободен.

Бејл во Реал дојде во 2013 година за 85 милиони фунти, што тогаш беше светски рекорд. Наводно и неговото семејство се спротивставувало на преселба во Кина.

- Оглас -

Најнови вести