Луис Хамилтон имаше очајна трка за Големата награда на Германија откако стартуваше од пол-позицијата, а заврши на 11-тото место. Британецот дури шест пати мораше да оди во боксот, имаше неколку инциденти и на крајот заврши без бодови. Сепак, Хамилтон ќе се радува на бодови бидејќи двајцата возачи на Алфа Ромео, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци се казнети.
Возачите на Алфа Ромео завршија на 7-мото и 8-мото место, но добија 30 секунди казна откако било утврдено дека на стартот од трката отпуштањето на квачилото не траело 70 милисекунди, туку кај двајцата возачи тоа било повеќе од 300 милисекунди.
Поради овој пропуст, двајцата возачи заработија казна од по 30 секунди, па сега Грожан и Магнусен се на 7-мото и 8-мото место, а како деветто и 10-топласирани завршија Хамилтон и Кубица. Возачите на Алфа Ромео останаа без бодови поради казната.