Несторовски подготвен за официјално деби против Милан

Илија Несторовски очекува супер деби за Удинезе во Калчото, а во Удине во првото коло во Серија А доаѓа Милан. Тежок испит ќе има и Горан Пандев со Џенова бидејќи популарните Грифони ќе ѝ бидат гости на Рома на стартот од новиот шампионат во Италија.

И третиот наш репрезентативец што од оваа сезона ќе игра во Калчото, Елиф Елмас очекува први минути во Серија А, а ќе патува со Наполи во Фиренца на мегдан со Фиорентина.

Серија А стартува најдоцна од топ 5 првенствата, а првото коло ќе се игра на 25 август.

Во летниот преоден рок на Горан Пандев, кој е староседелец во Италија со над 400 настапи во Калчото, му се приклучија Несторовски, со потпис за Удинезе, и Елмас, кој се пресели од Фенербахче во Наполи.

За македонскиот фудбал ќе биде добро и Александар Трајковски да игра во Калчото, бидејќи има шанси да се пресели во редовите на повеќекратниот европски и италијански шампион Милан. Во тој случај можно е двајцата соиграчи од Палермо, Несторовски и Трајковски, да играа еден против друг веднаш во првото коло во новата сезона во Италија.

- Оглас -

Најнови вести