За крај на долгата програма во ЛЕ – Фаворитите Партизан, Вулфс, Гимареш и Еспањол рутински во следното коло

Фаворитите Партизан, Вулверхемптон, Еспањол и Гимареш со убедливи победи ставија печат на денешниот ден за квалификации во Европа Лигата, проткаен со дури 41 меч.

Белграѓани лесно го нокаутираа Конах Ки со 3:0 и со вкупен резултат од 4:0 се пласираа во следното коло каде ги чека Адис Јаховиќ со својот тим Јени Малатија.

Гимареш уште поубедливо со 4:0 го совлада тимот од Луксембург Женес Еш и со вкупен резултат го комплетира пласманот во полуфиналето на патот до фазата по групи во ЛЕ. Во следнта фаза, претпоследна пред настап во реномираното натпреварување Португалците ќе играат со Венстпилс.

Вулверхемптон со 4:1 го декласира Крусејдерс и на убедлив начин со вкупен резултат од 6:1 ќе му оди на мегдан на Пјуник. Ерменците денеска го елиминираа Јаблонец, откако претходно го исфрлија од игра Шкупи.

И Еспањол со убедливи 7:1 беше подобар од Стјарнан, откако вечерва победи во Исланд со 3:1, па ќе игра со Луцерн за пласман во плејофот на патот кон Европа Лигата.

Двојки за полуфинале во квалификациите за ЛЕ:

Сутјеска – Линфилд, Макаби Тел Авив – Судува, Арарат – Сабуртало, Рига – Хелсинки, Лудогорец – ТНС, Сараево – Бате Борисов, Дуделанж – Номе Калју, Астана – Валета, Шериф Тираспол – АИК, Слован Братислава – Дандалк, Норчепинг – Хапоел Бер Шива, Торино – Солигорск, Антверпен – Плзен, Австрија Виена – Аполон Лимасол, Феенорд – Динамо Тбилиси, Брондби – Брага, Молде – Арис, Локомотив Пловдив – Стразбур, Тун – Спартак Москва, ФЦСБ – Млада Болеслав, Пјуник – Вулверхемптон, Митјиланд – Ранџерс, Мариупол – АЗ Алкмар, АЕК Ларнака – Гент, Легија – Атромитис, Хаугесунд – ПСВ Ајндховен, Риека – Абердин, Венстпилс – Гимареш, Вадуз – Ајнтрахт Франкфурт, Партизан – Јени Малатија, Малме – Зрињски, Осиек (ЦСКА Софија) – Зорија, Нефчи Баку – Бнеи Јехуда, Луцерн – Еспањол, Спарта Прага – Трабзонспор, Универзитатеа Крајова – АЕК Атина.

- Оглас -

Најнови вести