Нов Македонец во Ла Лига – Трајковски потпишува за Мајорка

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија откако е постигнат договор со повратникот во Ла Лига, тимот на Мајорка. Ексфудбалерот на Палермо треба да потпише тригодишна соработка со шпанскиот прволигаш и ќе заработува 650.000 евра по сезона, додека клаузулата ќе му биде високи 45 милиони евра.

Трајковски остана без клуб откако ја прекина соработката со Палермо, имаше неколку понуди на масата од повеќе од италијански екипи, за него се интересираше и португалскиот тим Спортинг Лисабон каде што игра нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, но на крајот се одлучи за тимот чиј што сопственик е кошаркарската легенда Стив Неш.

Со Мајорка, Трајковски во текот на новата сезона најмалку двапати ќе се сретне со колегата од националниот тим, Енис Барди и неговиот Леванте. Минатата сезона гледавме за првпат во нашата историја двајца Македонци –  Барди и Димитриевски беа противници во најквалитетната шпанска лига, а сега уште еден Македонец ќе трча на шпанските терени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести