Веракруз бара помош од светските рекордери за победа против Атлас

Рафаел Надал – Фабио Фоњини (АТП Монтреал, 00.30 часот)

Надал и Фоњини имаат солидна историја на меѓусебни мечеви, а Шпанецот има предност од 11:4 во победи, но последната, годинава во Монте Карло му припадна на италијанскиот тенисер.

Ова ќе биде дуел на двајца класични земјаши на тврдата подлога во Монтреал. Фоњини е седми носител на турнирот, досега освои 9 титули, една од нив годинава и тоа престижна во Монте Карло. Во 2019 година игра многу солидно, но противник му е еден од најдобрите во историјата на тенисот.

Надал ја брани титулата во Монтреал, ако го победи Фоњини ќе ја забележи 380-та победа на турнирите од Матсерс серијата 1000 и ќе го израмни рекордот на Роџер Федерер. Импресивни се неговите рекорди во светот на тенисот, а во Монтреал атакува на 83-та АТП титула и е топ-фаворит во отсуство на Новак Ѓоковиќ.

Ова ќе им биде прв меѓусебен меч во Монтреал, а ќе типуваме дека ќе има повеќе од 19.5 гема, колку што е границата во обложувалниците на Sport Life.

Предлог тип: >19.5 гема (1.88)

 

Гаел Монфис – Роберто Баутиста Агут (АТП Монтреал, 01.50 часот)

Ова ќе биде реприза од осминафиналниот дуел на Монфис и Баутиста од турнирот во Монтреал пред две години, кога во тежок меч во три сета славеше Шпанецот. Тоа му беше прва победа на Баутиста во четвртиот меѓусебен дуел со францускиот тенисер.

Годинава и двајцата освоија по една титула, а тука некаде се израмнети и по бројот на пехари. Баутиста има девет, наспроти осумтте на Монфис. Нешто подобра сезона има Шпанецот, но со Монфис никогаш не можете да бидете сигурни. Знае да одигра блескаво, со години е еден од најатрактивните тенисери на АТП турнирите, но знае и комплетно да потрфли. Од него се очекуваше и некоја титула од гренд-слем турнирите, но не треба да се заборави дека игра во ерата на најдоброто трио во историјата на тенисот составено од Федерер, Надал и Ѓоковиќ.

И токму победникот од овој дуел веројатно ќе игра против Надал, ако ноќеска Фоњини не приреди изненадување.

Предлог тип: >22.5 гема (1.88)

 

Серена Вилијамс – Наоми Осака (ВТА Торонто, 01 часот)

Ова е убедливо најинтересното четвртфинале во Торонто, а ќе играат две тенисерки што биле број 1 на ВТА листата и што имаат гренд-слем титули.

Серена е една од најуспешните во историјата на играта со 23 гренд-слем круни и многу рекорди кај дамите, но веќе има 37 години и веќе не е непобедлива.

Тоа на двапати го потврди и Осака со победи од 2:0 на двата меѓусебни дуели. Јапонката има интересна кариера, освои два гренд-слема во вкупниот збир од три ВТА титули. Лани во финалето на САД опен ја декласира Американката на нејзин терен со 6:2, 6:4, а и претходната победа против Серена и беше убедлива.

И сега е фаворитка, ќе сака со пласман во полуфиналето да го прослави враќањето на позицијата број 1 на ВТА листата, а Вилијамс има поинаков мотив. Сега и е веројатно и последна шанса со триумф на турнирот да се израмни со Моника Селеш и Крис Еверт, како три рекордерки со по 4 титули на Роџерс купот.

Предлог тип: >21.5 гем (1.85)

 

Мери Бузкова – Симона Халеп (ВТА Торонто, 02.15 часот)

Мери Бузкова е изненадувањето број 1 на турнирот во Торонто и чешката тенисерка е најлошорангираната четвртфиналистка на Роџерс купот. Има 21 година и веќе се закити со една гренд-слем титула, но како јуниорка со триумф на САД опен пред пет сезони.

Во Торонто потврди дека напредува и е една од фаворитките во новиот бран тенисерки од кои се очекуваат добри резултати и титули. Ги победи Слоун Стивенс и Јелена Остапенко, две тенисерки што имаат триумф на гренд-слем. Сега на ред е меч против актуелната шампионка од Вимблдон и ланска на Ролан Гарос, Симона Халеп.

Романката ја брани титулата од лани на Роџерс купот, го освои пехарот и во 2016 година и е голема фаворитка за пласман во финалето. Бузкова го игра најдобриот турнир во кариерата во сениорска конкуренција, но ќе типуваме на чиста победа на Халеп.

Предлог тип: Точен резултат 0:2 (1.55)

 

Веракруз – Атлас (Мексико, 04 часот)

Веракруз нема избор, освен да оди на победа и барем малку да се „извади“ за два катастрофални порази од по 7 гола разлика што ги доживеа на последните шест меча.

Пачука во април ги победи со 9:2, а во новиот шампионат на Мексико во минатата рунда претрпеа нов дебакл, против Некакса со 0:7.

Сега се очекува да проработи познатиот Колим Казим Ричардс, играш што настапуваше за европските гиганти Фенербахче, Галатасарај, Селтик, Феенорд… Слаби игри прикажува и поранешниот мексикански репрезентативец Карлос Салсидо и кога овој тандем не функционира тешко му оди на клубот.

Веракруз е клуб за кој една сезона настапуваше и нашиор познат фудбаслки ас Саше Милошевски во сезоната 1998/99. Имаат неверојатно фанатични навивачи, кои ќе се обидат да помогнат да се забележи првата победа во Апертура. Во 1990 година поставија неверојатен рекорд кога на легендарната „Ацтека“ беа присутни 50 илјади навивачи на Веракруз на дуелот со Америка, што се уште е рекорд по гостинска посета во светски рамки. Сега клубот преживува тешки моменти, па ќе треба и поддршка од трибините на „Луис Пирата“ за да се победи фаворитот Атлас.

Гостите доаѓаат со два порази по ред, откако почнаа со две победи и реми, а ќе сакаат да ја искористат големата криза кај Веракруз.

Предлог тип: X2&2-5 гола (1.83)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести