Поради претрпениот напад со нож, Колашинац и Озил нема да играат за Арсенал против Њукасл

Сеад Колашинац и Месут Озил нема да бидат во составот на Арсенал за утрешниот меч против Њукасл, во првото коло од новото првенство во Премиер лигата. Тренерот на Топчиите, Унаи Емери смета дека овие двајца играчи не се психички подготвени за настап, поради нападот што го преживеаа пред 10-тина дена на една од лондонските улици.

Фудбалерите беа нападнати додека се излегуваа од еден ресторан каде биле заедно со своите семејства. Двајца маскирани на мотор и со ножеви ги нападнаа, но Колашинац не само што не се уплаши, туку тргна и во контра напад, а разбојниците избегаа.

Сепак, тоа не било само случаен обид за уличен грабеж. Озил неколку пати бил мета на напад, па некогашниот германски репреентативец има изнајмено и приватно обезбедување. Се верува дека овие напади се дело на една иста улична банда од Лондон.

Полицијата превзема мерки за да се најдат напаѓачите, а додека случајот уште е актуелен, Емери реши да не рачуна на овие двајца фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести