Аријан Адеми постигна убав гол во 16-тата минута, реагираше капитенски по асистенцијата на Дани Олмо и сега неговиот Динамо Загреб има предност од 1:0 на „Групама арената“ во реваншот со Ференцварош.
https://www.youtube.com/watch?v=rUETYC9C4r0
Со овој резултат заврши првото полувреме, а Динамо е поблиску до финален двомеч во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.
Адеми е капитен на Динамо и лани, речиси по половина век, пауза успеа со Динамо да презими во Европа, па и сега е блиску до нов успех и настап во Лигата на шампионите.
Првиот меч во Загреб заврши нерешено 1:1.