Нејмар веќе нема ниту да тренира со соиграчите од ПСЖ, а одлуката му е соопштена во очекување на трансфер на Бразилецот, најверојатно во Барселона.
Ова значи дека по секоја цена Нејмар ќе биде продаден, иако засега ПСЖ и Барселона не најдоа заедничка варијанта за размена на играчи и плус доплата во пари од страна на Каталонците.
Барселона, како што е познато, ги нуди Ракитиќ и Кутињо плус 80 милиони евра, а ПСЖ ги бара Кутињо и Семедо и доплата од 120 милиони евра.
Во играта се вклучи и Реал Мадрид, но е во сенка и само ако Барса и ПСЖ не се договорат, има шанси да го ангажира Нејмар.