Добра прва контролка пред Супер Глоуб – Вардар го совлада Еурофарм Работник

Европскиот првак Вардар го совлада тимот на Еурофарм Работник со 32-30 во контролниот натпревар кој денес се одигра во Скопје. Црвено-црните со овој меч ги прават последните подготовки пред летот за Саудска Арабија, каде што ќе се борат за трофејот во Супер Глоуб.

Средбата која се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ беше слободна за сите љубители на ракометот, а Вардарци доминираа во поголемиот дел од средбата, но на крајот победија само со два гола предност.

Дибиров со осум погодоци ги предводеше Црвено-црните, а со пет гола придонесе и Скубе за победата. Радовиќ со шест погодоци беше најефикасен кај поразените.

Вардар утре ќе одигра уште еден пријателски меч, овојпат од затворен тим, а во „Јане Сандански“ гостува грчкиот состав на АЕК.

- Оглас -

Најнови вести