И домашните и гостите ќе дадат гол на дербито во Еквадор

Естудијантес – Индепендиенте (01.00 часот)

Студентите во првите две кола имаа по една победа и пораз од по 1-0. Индепендиенте одигра само еден меч и славеше со 1-0. Вака погледнато, на прв поглед делува дека би можело да се прогнозира на мал опсег на голови. Но, на последните четири меѓусебни дуели на овие тимови, секогаш двата тима даваа гол, а трипати одиграа нерешено. Индепендиенте ретко кога победува на гостувањата во Ла Плата.

Предлог тип: ГГ (2.30)

 

Оесте – Куритиба (01.00 часот)

Кај овој пар се чини дека единицата е најмалку реална опција, иако во Бразил домашниот терен знае да биде прилично голема предност. Куритиба брка влез во Серија А, моментно е на второ место и нема пораз од 10 јули наваму. Оесте дома не загубил уште од 8 март, но овој тим многу често игра нерешено (9 ремија во 16 кола), а и во претходниот меѓусебен дуел со Куритиба дома одиграа 1-1.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.95)

 

Универзитад Католика – Макара (02.15 часот)

Ова е дерби на еквадорската лига. Универзитад Католика е на второ место и ако победи, ќе го преземе врвот од Макара. Во Еквадор се игра и плејоф, па за Макара поразот нема да значи и губење чекор во трката за титулата. Католика минатото коло загуби и падна на втора позиција, сега може пак да се врати на „пол-позиција“. Домашните не знаат за пораз на свој терен во 2019 година, но Макара од 2008 наваму секогаш дава гол кога гостува во Кито.

Предлог тип: ГГ (1.86)

 

Тексас ренџерс – Лос Анџелес енџелс (02.05 часот)

Благодарение на формата во последно време, Ангелите на табелата избија пред Ренџерите“. Енџелс има четири победи на последните пет меча, а Ренџерс има четири порази и само една победа на последните пет настапи. Ако победи Тексас, ќе се изедначат. Минатиот месец Лос Анџелес трипати гостуваше во Арлингтон и извојува две победи, последниот меѓусебен дуел заврши со 9-3 за домашните.

Предлог тип: <11.50 (1.82)

 

Минесота твинс – Чикаго вајт сокс (01.10 часот)

Минесота оди на петтата победа во низа. Твинс цврсто го држи третото место во американската лига. Чикаго е десетти и има три порази на последните четири меча. Минесота е фаворит и поради тоа што има помалку повредени играчи отколку Белите чорапи. Традицијата не најавува ништо, последните пет соочувања донесоа три победи за Близнаците, а две за Чикаго. Интересно е што обично тој што победува, победува убедливо, ретко кога било тесно.

Предлог тип: 1 (1.50)

- Оглас -

Најнови вести