Конечно добри вести за шампионот – Меси почна да тренира

Лионел Меси се врати на тренинзите на Барселона, што е одлична вест за шпанскиот првак по серијата повреди на дел од клучните играчи.

Аргентинецот за првпат тренираше со полн интензитет отако доби продолжен одмор летово. Не играше против Атлетик во Билбао на премиерниот меч во новата сезона во Ла Лига и Барселона загуби на стартот со 0:1.

Во моментов кај Барса повреден е Луис Суарес, кој го напушти „Сан Мамеш“ во 37-мата минута на дуелот со Атлетик, а не игра и Осман Дембеле. Тој ќе паузира околу пет недели и јасно е дека евентуален камбек на Меси би бил од витално значење за Барселона.

Следниот меч актуелниот шпански првак ќе го игра на „Камп ноу“ во недела против Бетис. Дуелот на двете поразени екипи во првото коло ќе се игра од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести