Папараци го начекаа Руни пред лифт во еден хотел со непозната жена (Фото)

Ѕвездата на ДЦ јунајтед, 33-годишниот Вејн Руни, после седумчасовна забава со своите соиграчи во еден ноќен клуб во Ванкувер, беше забележан со една бринета пред хотелски лифт, во 5.30 часот наутро. Руни и девојката се качиле во лифтот и заминале во неговата соба.

Руни кој во јануари ќе се врати дома, веројатно сака последните месеци без сопругата Колин да ги искористи максимално за „дружба“ со непознати девојки. Бринетата со која тој е сликан стои пред лифтот, пред да заврши со него, фатена е на фотографии како флертува и со други фудбалери.

Иако има качулка на главата, од претходни слики се гледа дека е Руни, кој во ноќниот клуб е многу близок и со една друга дама, а иако пиел алкохол (рум со кока-кола), сведоци тврдат дека не бил пијан.

Ова не е првпат Руни да биде фатен со други жени.

 

- Оглас -

Најнови вести