Eкспедицијата на Барса која е во Париз, го дозна условот за трансферот на Нејмар

Претставниците на шпанскиот првак кои од утринава се наоѓаат во Париз, каде што преговараат околу услугите на Нејмар, дознаа како може да го вратат Бразилецот назад на „Камп ноу“. Иако нивната намера беше повторно да понудат едногодишна позајмица со доплата од 170 милиони евра во 2020 година, Светците се упорни во намерата уште ова лето да вратат барем дел од оние 222 милиони евра кои ги потрошија за Нејмар во 2017 година.

Како што известуваат одредени француски медиуми, условот на ПСЖ е да ги добие во пакет Усман Дембеле и Нелсон Семедо и плус 100 милиони евра „кеш“. Ваков сличен состанок се одржа и пред десетина дена, а тогаш Светците одговорија со „не“ на сите понуди од Барса.

Но, сега францускиот првак се најде во непријатна позиција и мора да го продаде Нејмар. За забрзана реакција придонесоа повредите на Кавани и Мбапе, а во евентуалната трампа во која би го добиле Дембеле ќе може да сметаат на квалитетен офанзивец во отсуство на двајцата споменати.

- Оглас -

Најнови вести