ПСЖ ја одби понудата за Нејмар, но Барса нема да се предаде

Шпанскиот првак утринава наводно го направи првиот конкретен потег околу враќањето на Нејмар, но најнова вест е дека ПСЖ ја одби понудата на Барса бидејќи не сака да го пушти Бразилецот на позајмица.

Привремен трансфер, а потоа целосен откуп на договорот е единствен начин на кој Каталонците може да ги добијат услугите на фудбалерот кој претходно четири години ги бранеше нивните бои, но Светците преферираат веднаш да ја добијат минималната отштета од 200 милиони за Нејмар. Сепак, во таборот на Барселона сметаат дека ова е дел од преговорите и во најскоро време повторно ќе контактираат со Французите.

Како што е познато, Јувентус и Реал Мадрид исто така се вклучени во трката за потписот на бразилската ѕвезда, така што допрва ќе има наддавање.

- Оглас -

Најнови вести