Вардар лесно го елиминираше домаќинот, утре на ред е Кил

Македонскиот и европски шампион Вардар без никакви проблеми се пласираше во полуфиналето на Супер Глоуб купот откако со 34:27 славеше против екипата на Мудхар од Саудиска Арабија. Црвено-црните ја оправдаа улогата фаворит и уште во првото полувреме стекнаа солидна предност од 17:12. Во вториот дел, Вардар продолжи во ист ритам, па во еден дел од мечот имаше и предност од 11 голови.

Во последните 10-тина минути, шанса добија и оние играчи на Вардар кои имаат помала минутажа, па тимот на Мудхар успеа да го ублажи поразот.

За најдобар играч беше прогласен Тимур Дибиров, кој беше и најефикасен со 6 погодоци. Кај Вардарци, по ефикасност се истакнаа и Дисингер и Чупиќ со по 5 голови, а Криштопанс даде четири погодоци.

Следниот предизвик на Вардар е германски Кил, а дуелот се игра утре, во 19 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести