Пред денешното доделување на наградата за најдобар фудбалер во изминатата сезона, водителката на церемонијата во Монако имаше прилика да размени неколку збора со великаните Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Аргентинецот и Португалецот беа во конкуренција за престижното индивидуално одличје, кое на крајот им припадна на ѕвездата на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.
Кога се работи за настани на УЕФА од ваков тип, Меси и Роналдо редовно се во првиот ред, а за првпат по девет години не се во исто првенство каде што би се надигрувале во директен дуел. Роналдо говореше за преселбата во Италија и како ја поминал дебитантската сезона во дресот на Јувентус, но додаде дека му недостига да се среќава со Меси на терените, како во времето кога беа главните актери на Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид.
„Веќе 15 години ја делиме оваа сцена, не знам дали воопшто се случило едни исти двајца фудбалери толку долго да бидат на врвот. Отсекогаш сме имале почит еден кон друг, се надевам дека во иднина би можеле заедно да вечераме и да се дружиме. Ми недостасува да играм против него, исто ми недостасува да играм во Шпанија. Многу работи направивме да бидеме меѓу најдобрите во историјата, мислам дека нашето ривалство ни помогна да оствариме толку многу“, истакна Роналдо.
Целата изјава на Меси и Роналдо можете да ги погледнете тука:
Португалецот потоа се надоврза за неодамнешната негова изјава кога би можел да се пензионира, а Роналдо посочи дека е во добра форма и би можел и во блиска иднина да продолжи да игра на високо ниво.