НАГРАДАТА ВО ВИСТИНСКИ РАЦЕ: Еден Азар е најдобриот играч во Лигата на Европа

Еден Азар го доби признанието за најдобар фудбалер во Лигата на Европа за минатата сезона. Европската фудбалска федерација му го даде признанието на Азар кој беше предводник на Челзи во освојувањето на трофејот. Во финалето на ЛЕ, Азар даде два гола против Арсенал. Тоа беше и последен меч за Белгиецот во дресот на лондонскиот тим бидејќи потоа направи трансфер во Реал Мадрид.

Оваа награда УЕФА започна да ја доделува во 2017 година, а прв освојувач беше Пол Погба, кој го предводеше Манчестер јунајтед до трофејот. Лани наградата заврши во рацете на Антоан Гриезман, кој беше шампион со Атлетико Мадрид, а сега тоа го направи и Азар.

 

- Оглас -

Најнови вести