Баскиското дерби припадна на Атлетик Билбао со конечни 2-0 против Реал Сосиедад во вториот денешен меч од третото коло во Ла Лига. Домаќините ги освоија трите бода и во вторниот нивен меч на „Сан Мамеш“ оваа сезона по минималнио триумф против Барселона, а по мајсторијата на Адурис против Каталонците, вечерва Раул Гарсија постигна евро-гол кој со сигурност ќе конкурира за најубав во новата сезона.
Искусниот играч за врска со удар од повеќе од 20 метри го надмудри голманот Моја, а со тој погодок Билбао ја запечати победата. Претходно во 11-тата минута Ињаки Вилијамс донесе радост за домашната публика.
Сосиедад успеа да се закани преку Исак, но неговиот погодок во 62-та минута беше поништен поради недозволена позиција по прегледот на ВАР снимките.
https://www.youtube.com/watch?v=j_Rjqf9A9b8
https://www.youtube.com/watch?v=sIpkB3fKj7I