Дуетот е подготвен за шоу, Златан и Синиша вечерва ќе пеат на „Сан Ремо“

Италијанската, па и светската спортска јавност со нетрпение го чека вечерашниот настап на Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ во ревијалниот дел на славниот музички фестивал „Сан Ремо“. Србинот, кој е тренер на Болоња, и Швеѓанецот, кој игра за Милан, ќе го отпеат стариот хит „Вагабундо“, песна која беше изведена од бендот „Номади“ на „Сан Ремо“ во далечната 1972 година.

„Ако има нешто во кое не сум добар, тоа е пеењето и танцувањето. Истото важи и за Ибра. Ако ништо друго, луѓето ќе се изнасмеат кога ќе гледаат и ќе слушаат“, рече 52-годишниот Михајловиќ.

Златан веќе се појави на „Сан Ремо“ како водител, а првото излегување на бината му беше со песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести