Денешниот тренинг на македонскиот фудбалски сениорски национален тим мина според планот на селекторот Благоја Милевски, а на фотографиите од тренингот кои ги објави ФФМ, се гледа како голманот Столе Димитриевски нема ракавици и ја шутира топката со глава како останатите играчи.
На Столе работата му е да го брани голот и да спречува погодоци на ривалите, а има шеги од типот дека ако можеше напаѓачот Оливие Жиру да биде голман на Милан, зошто да не пробаме со Димитриевски во нападот, има голмани кои даваат голови со глава како неодамна Иван Проведел од Лацио на дуелот со Атлетико Мадрид.