А уште е прва фаза – Летаат автоголови колку на сите Европски првенства заедно во овој милениум (Видео)

Мартин Дубравка си постигна невиден автогол против Шпанија во првото полувреме, а голманот на Словачката репрезентација е третиот чувар на мрежа на ова Европско првенство што самиот си ја затресе мрежата, што е рекорд иако сé уште е прва фаза.

На прагот е да биде урнат и рекордот на сите Европски првенства досега по бројот на автоголови, а досега ги има дури 7. Податок што е зачудувачки, но вистинит.

Бројката од 7 автогола на ова ЕП е еднакво на сите пет претходни што се играа во овој милениум. На ЕП во 2000 година имаше еден, на следниот шампионат во 2004 година беа постигнати два, во 2008 година ниту еден, во 2012 само еден и во 2016 година вкупно 3, или вкупно во новиот милениум на претходните пет турнири имаше 7 автогола, колку што има на ова ЕП во сè уште недоиграната прва фаза по групи.

 

- Оглас -

Најнови вести