Одбрани пенал, па се посрамоти – Автогол на Дубравка каков што не сте виделе (Видео)

Мартин Дубравка брзо се претвори од јунак во голем трагичар на Словачка на дуелот со Шпанија откако најпрво му одбрани пенал на Алваро Мората, а потоа си даде невиден авотогол.

Во 12-тата минута, со извонредна одбрана ја продолжи мизеријата на Шпанците, кои веќе промашија два пенали на ова ЕП, а имаат серија од пет утнати удари од белата точка.

Но, во 30-тата минута сериозно се посрамоти со чудесен автогол. Се обиде да ја бокусва топката која леташе во висок лак по ударот во пречката, но успеа само несмасно да си ја затресе својата мрежа. Со тој гол Шпанија поведе со 1:0, а со погодокот на Лапорт во последните моемнти води со 2:0 по првото полувреме.

Во исто време се игра и мечот меѓу Шведска и Полска во последното коло од Е групата. Швеѓаните водат со 1:0 со голот на Форсберг само по 81 секунда од почетокот на мечот. Тоа е вториот најбрз гол на Европските првенства, а и на овој меч имаше многу интересен момент.

Во 17-тата минута Роберт Левендовски во иста акција двапати со удари со глава ја погодуваше пречката, а потоа во продолжение на истата акција ја промаши топката од половина метар и не успеа да израмни на 1:1.

- Оглас -

Најнови вести