А вака беше во автобусот со македонските фудбалери на пат од Приштина кон Скопје! (Видео)

Рано утрово во Скопје пристигнаа новите спортски херои на Македонија, фудбалерите кои синоќа успеаја да ја однесат репрезентацијата на Европско првенство, прво во нашата историја.

По победата во Грузија, експедицијата со чартер-лет требаше да се врати директно во Скопје, но густата магла направи промена на планот. Наместо во Скопје, авионот мораше да слета во Приштина, а потоа патувањето продолжи со автобус. На македонско-косовската граница ги пречека премиерот Заев.

И покрај големиот замор по беспоштедната битка на теренот во Тбилиси, фудбалерите имаа сили и во автобусот да го продолжат славењето. Сите на нозе, со песна за Македонија патуваа кон Скопје. Тоа се вистински јунаци.

 

 

- Оглас -

Најнови вести