Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски е пред реализација на трансферот од соништата и преселба во шпанската Ла Лига, во најголемото изненадување од минатата сезона, екипата на Жирона.
Според медиумите од Островот, Абердин за Миовски ќе добие осум милиони евра од Жирона, иако во моментов според „Трансфермаркет“ вреди четири милиони евра. За клубот од Шкотска ова ќе значи голема заработка бидејќи пред две години го купија од МТК Будимпешта само за 650.000 евра, односно сега го продаваат 12-пати поскапо од тоа што го купија.
Миовски потекнува од Брегалница Штип, од каде што направи трансфер во Работнички, а од таму беше испратен на позајмица во младинската екипа на азербејџанскиот Карабаг. Следуваше враќање во татковината и настапи за Македонија ЃП и Ренова, од каде што се пресели во МТК.