Нојер како да имаше „сто раце“ – Баерн го победи Реал, минималец за Арсенал во Лисабон (Видео)

Реал Мадрид и Баерн Минхен приредија вистински спектакл на „Сантијаго Бернабеу“ со низа шанси за гол на двете страни, но и триумф на „Баварците од 1-2.

Иако головите беа дело на Луис Дијас и Хари Кејн, сепак играч на натпреварот е голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој иако има полни 40 години, сепак покажа светска голманска класа и со осум фантастични интервенции ја сочува победата на Баварците.

Баерн имаше водство од 0-1 на полувремето со голот на Луис Дијас во 41-вата минута, а Хари Кејн само по 20-тина секунди во вториот дел зголеми на 0-2.

Почесниот погодок за Кралевите беше дело на Килијан Мбапе во 74-тата минута.

Вториот четвртфинален меч од Лигата на шампионите кој се одигра вечерва им припадна на фудбалерите на Арсенал со минимални 0-1. Иако Спортинг имаше повеќе, но и подобри шанси за гол и за победа, сепак Хаверц во 91-вата минута донесе триумф за Топчиите.

- Оглас -

Најнови вести