Абрамович даде зелено светло, Челзи почнува со операцијата „Халанд“

Челзи дефинитивно се наметна во трката за потписот на Ерлинг Халанд, фантастичниот млад напаѓач на Борусија Дортмунд.

Според реномираниот германски лист „Билд“, сопственикот Роман Абрамович му ветил на менаџерот Томас Тухел дека ќе издвои финансии, односно дал зелено светло за преговорите да почнат веднаш и овој трансфер да се реализира во претстојното лето.

Имено, Сините нема да чекаат до летото 2022 година кога ќе биде активна клаузулата на Халанд од 75 милиони евра, туку ќе издвојат дури 100 милиони фунти (115 милиони евра) за Норвежанецот веќе во јули и на тој начин да им ги помати сметките на останатите гиганти кои исто така го посакуваат Халанд.

Наводно, управата на Челзи направи посебен буџет само за транферот на Халанд, што наговестува дека клубот од Западен Лондон дополнително ќе се засилува по крајот на оваа сезона.

За потсетување, пред оваа сезона Челзи потроши над 250 милиони евра на засилувањата како Хаверц, Вернер, Чилвел, Зијеш, кои под палката на Френк Лампард не се приспособија на неговата филозофија, па сега Тухел ги разигрува колку што може.

- Оглас -

Најнови вести