Екипата на Динамо Загреб ја забележа четвртата победа во низа во хрватското првенство, овојпат над “фенерџијата“ Рудеш со 5-1 на гости. Во победата на загрепските “модри“ учествуваше и нашиот репрезентативец Аријан Адеми кој во игра влезе во 63-тата минута. За него ова е втор настап за Динамо после враќањето од Кина.
За разлика од Адеми, кој вторпат доби шанса од клупата за резерви, Стефан Ристовски повторно го следеше дуелот од трибините поради повреда. Ова е втор пропуштен натпревар за поранешниот капитен на репрезентацијата, откако не беше во составот и на дуелот од Конференциската лига против Асатана.
Што се однесува до мечот против Рудеш, Јосип Дрмиќ постигна хет-трик, додека Емерли и Видовиќ по еднаш се запишаа во листата со стрелците.
Динамо Загреб со оваа победа дојде до 16 бодови, два помалку од лидерот Хајдук, но и натпревар помалку од вечниот ривал.
— HNLGoals / @TheCroatianLad (@HnlGoals) September 24, 2023
— HNLGoals / @TheCroatianLad (@HnlGoals) September 24, 2023