Охрид го победи Вардар и испрати порака од соблекувалната (Фото)

Второлигашот Охрид го елиминира Вардар во Скопје во меч од четвртфиналето на Купот. Охриѓани беа апсолутни аутсајдери, но на теренот покажаа дека се победува со срце и желба за успех.

Вардар водеше со 1:0, но Охрид не се предаде и со гол во 90-тата минута израмни на 1:1 и се избори за шутираше пенали.

Во пенал-рулетот охриѓани први промашија, но и тоа не ги поколеба да успеат да го елиминираат Вардар. Голманот на гостите ги одбрани ударите на Николов и Данев и на крајот второлигашот победи со 4:2 за историски пласман во полуфиналето на Купот.

Охрид е лидер во Втората лига и има девет победи по ред, а сега го елиминира и актуелниот освојувач на Купот на Македонија.

По победата и пласманот во полуфиналето, охриѓани направија фотографија за спомен од соблекувалната и порачаа „НАЈГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ИСТОРИЈАТА НА КЛУБОТ – ОХРИД Е ВО ПОЛУФИНАЛЕ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА!“

 

- Оглас -

Најнови вести