По 13 години поминати во Динамо Загреб, Аријан Адеми денеска и официјално го смени клупскиот дрес. Македонскиот репрезентативец беше промовиран во тимот на Пекинг Гуан, каде што потпиша договор на три години.
Адеми ќе заработува 2,8 милиони евра по сезона, плус бонусите. „Добре дојде Аријан Адеми“, му порачаа од новиот клуб, а македонскиот репрезентативец првпат го облече зелениот дрес.