Димитриевски: Јас секогаш излегувам на теренот за да победам

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе игра против Република Ирска во Даблин, во дуелот на двете поразени селекции од полуфиналниот плејоф за пласман на СП 2026. По поразот од Данска (4-0), сега следува нов предизвик, а тимот треба да се издигне.

Голманот Столе Димитриевски вели дека одбраната мора да биде на ниво, а клучно ќе биде и да се освојат тие втори топки, кои некогаш се многу важни за текот на натпреварот.

„Јас сум професионалец, секогаш доаѓам да победувам, посебно кога играм во дресот на Македонија. И нема неважни натпревари за репрезентацијата. Имаме два убедливи порази во последните два меча, ги анализиравме грешките и јасно е дека мора да покажеме дисциплина во дефанзивата и да ги освоиме тие втори топки. Во таков случај, ако сме подобри во тој дел, ќе имаме ние повеќе напади отколку противникот и ривалите нема да имаат толку шутеви кон нашиот гол. Работиме, зборуваме, анализираме и треба да се подобриме“, изјави Столе Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести