Адеми: Португалија не нè надигра, но заслужено е на СП

Аријан Адеми беше еден од најдобрите наши репрезентативци во текот на целите квалификации за пласман на Светското првенство во Катар. Капитенот на Динамо, вели дека е разочаран што Македонија нема да игра на Мундијалот на Катар, но реално признава дека Португалија заслужено се радуваше во финалето на баражот.

„Бевме на чекор да одиме на Мундијалот во Катар, но за жал не успеавме. Навистина штета. Немам впечаток дека Португалија нè надигра, но сепак заслужено победи и се пласираше на СП. Репрезентации како нашата немаат често вакви шанси за пласман на Мундијал и затоа жалиме за испуштената шанса. Сепак, треба да бидеме горди за тоа што го направивме, посебно поради победата над Италија. Горди сме што на нашите навивачи им овозможивме таква еуфорија“, рече Адеми.

- Оглас -

Најнови вести