Адеми се повреди, Ристовски одличен, Динамо со победа по мерка

Динамо во Загреб со 2:0 ја победи Омонија во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите и со добри шанси ќе патува во реваншот кој е за една недела. Хрватскиот првак во последните 25 минути го скрши отпорот на гостинот.

Мајер во 65-тата минута погоди за 1:0, а Јакиќ зголеми на 2:0 во 81-вата минута, и тоа по корнерот кој го изнуди македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој го одигра целиот меч. За разлика од Ристовски, вториот македонски репрезентативец, а воедно и капитен на Динамо, Аријан Адеми се повреди пред крајот на првото полувреме.

Адеми падна на тревата во 40-тата минута и веднаш сигнализираше дека нема да може да продолжи. Утре треба да бидат направени дополнителни лекарски прегледи за тоа колку е сериозна повредата на Адеми.

Во останатите мечеви кои досега се одиграа во квалификациите за ЛШ: Алашкерт – Тираспол 0:1, Линколн – Клуж 1:2, Ференцварош – Жалгирис 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести