21.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Реми со Напредак Крушевац во последната контрола на Вардар пред настапот во Европа

Вардар со нерешен резултат 2-2 против Напредак од Крушевац ја заврши серијата пријателски мечеви на подготовките во Словенија.

Сега за осум дена за најтрофејниот македонски клуб претстои настапот во квалификациите за Конференциската лига против Ла Фјорита од Сан Марино.

На денешниот меч Вардар губеше со 0-2 од свежиот Напредак за кој ова беше прва контрола летово, но со головите на Дурански и Закариќ, Црвено-црните избегнаа пораз.

Вардар на пријателските во Словенија ги победи Будуќност (3-0) и Рапид Букурешт (1-0), губеше од Олимпија (0-2) и Марибор (0-5), а одигра нерешено со Напредак кој во минатата сезона беше 12-ти во српската Суперлига.

- Оглас -

Најнови вести