20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Адетокумбо доби свој ден кој ќе се слави секоја година

Вчерашниот датум, 14 јули, во округот Милвоки ќе биде познат како „Адетокумбо ден“. Градските власти на Милвоки вчера ја реализираа својата идеја при прославата во чест на Гркот за добиената награда МВП за изминатата сезона во НБА-лигата.

Адетокумбо беше прогласен за најкорисен играч на Лигата откако ги предводеше Бакси до најдобар учинок во Источната конференција во регуларниот дел со 60-22, како и пласманот во конференциското финале, кое го загубија од подоцна крунисаните шампиони Торонто репторс.

- Оглас -

Најнови вести