Адетокумбо се повреди, но Милвоки дојде и до 12-тата победа по ред (Видео)

Милвоки бакс на гости го победи Чикаго булс со 112-100 во еден од трите натпревари кои рано утрово се играа во НБА-лигата и дојдоа до својата 12-та победа по ред, по која сериозно го загрозуваат Бостон селтикс, кој уште е прв на Истокот.

Лоша вест за Елените е што Јанис Адетокумбо, кој стана прв асистент во клупската историја, го повреди зглобот на десната рака и за него мечот заврши рано, а добрата вест е дека Бакс победува и без својот главен кошаркар и неприкосновен лидер. Брук Лопес со 33 поени беше предводник на Милвоки.

В недела се игра олстар-натпреварот и постои реална можност Гркот да не настапи. Тој заедно со браќата Танасис и Алекс треба да учествува и на натпреварот во вештини, кој е на програмата в сабота.

Гостите победија и на другите два меча играни утрово. Вашингтон губеше и со 20 поени разлика во Минеаполис, но на крајот славеше против Минесота со 114-106, благодарение на одличната последна четвртина, која Волшебниците ја добија со 38-19.

Лос Анџелес клиперс, кој води преговори за откуп на договорот на Расел Вестбрук, предводен од Пол Џорџ и Теренс Ман (двајцата дадоа по 26 поени), го победи Феникс со 116-107. Крис Пол од санс се искачи на третото место на вечната листа на играчи со украдени топки во НБА.

Ова е акцијата во која Адетокумбо се повреди:

- Оглас -

Најнови вести