Адријана Поп Арсова му се придружи на Дарио Ивановски, ќе настапи на Светското првенство во Токио

Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки, Адријана Поп Арсова, обезбеди пласман на Светското првенство во Токио, откако преку ранг-листата на Светската атлетика влезе меѓу најдобрите 100 маратонки во светот.

Со овој успех, Адријана испишува историја – станува првата македонска атлетичарка која ќе настапи на три последователни Светски првенства (Орегон, Будимпешта, Токио), од кои на две со исполнета квалификациска норма.

Македонија на шампионатот во Токио ќе ја претставува и Дарио Ивановски, кој исто така избори пласман во маратонската дисциплина.

- Оглас -

Најнови вести