Минатата сезона водеа биткa во Чемпионшип. Сандерленд сега е хит во Премиер лигата, додека Барнли најверојатно ќе се врати таму од каде што дојде.
Црните мачки славеа на домашен терен со 3-0 во 24-тото коло на Премиер лигата, додека нивниот ривал е „закован“ за претпоследното 19-то место со 15 бода.
Домаќинот вечерва доминираше на теренот, а одлуката ја донесе сенегалскиот играч за врска Хабиб Дијара, кој очигледно беше мотивиран по освојувањето на Африканскиот куп на нациите со својата репрезентација.
Во деветтата минута, по додавање од Броби, Дијара влезе во казнениот простор од десната страна, шутираше од околу 12 метри, топката го погоди стоперот на гостите Таунзебе и заврши во мрежата за 1-0.
Во 32-рата минута, Мукиеле проби по десната страна и додаде до Дијара, кој од 10 метри погоди за 2-0.
Овој резултат се одржуваше до 72-рата минута, кога младиот Мароканец Талби постигна вистински гол-убавец за конечни 3-0.

