Тимот на адвокати кој се грижи за кариерата на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, денес со соопштение ги информира граѓаните од сите балкански земји, но посебно од Србија, за изматата која се појави на интернет, а го користи ликот на српскиот тенисер.
Се работи за платформа под името „Гаспром“, случајно или не исто како и руската нафтена компанија, која бара од луѓето да се регистрираат и да вложуваат пари, а го користат ликот на Ѓоковиќ како поддржувач на оваа платформа.
Тие предупредуваат дека Новак Ѓоковиќ не учествува и не поддржува ваква кампања и секој обид за злоупотреба да го пријават до надлежните органи.