Спартак Москва го отпушти Дејан Станковиќ

Српскиот тренер Дејан Станковиќ ја напушти функцијата шеф на стручниот штаб на Спартак Москва, потврди рускиот клуб.

Станковиќ заминува по речиси една и пол година на клупата на Црвено-белите од руската престолнина.

Тимот на Спартак Москва моментно се наоѓа на шестото место со 25 бода, осум помалку од лидерот Краснодар, а медиумите во Русија веќе пишуваат за можниот наследник на Станковиќ.

Споменати се некои звучни имиња, како Чави, Ерик тен Хаг и Бруно Лаж, потоа Филип Клемен, кој го водеше Ренџерс, како и актуелниот тренер на Целје, Алберт Риера, кој е голема желба и на Црвена ѕвезда.

Тимот на Спартак Москва до именувањето на нов тренер ќе го води помошникот Вадим Романов.

- Оглас -

Најнови вести