Ноемврискиот прозорец на ФИФА ќе го даде африканскиот претставник во интерконтиненталниот плејоф за пласман на Светското првенство 2026. Четири репрезентации ќе играат на мини-турнирот во Мароко и ќе се обидат да дојдат до последниот филтер пред Мундијалот.
Двојките за полуфиналето се Камерун – ДР Конго и Нигерија – Габон, а победниците ќе играат во финалето.
Претседателот на ДР Конго на фудбалерите им вети премии од по еден милион евра за секого доколку успеат да го освојат турнирот во Мароко, а како што најави, наградата за место на Мундијалот ќе биде уште повисока, но се држи во тајност.
ДР Конго има само едно учество на Светските првенства, и тоа во 1974 во Германија, но под името Заир, кои го имаа до 1997 година. Пред повеќе од 50 години не се прославија бидејќи загубија од Шкотска (2-0), од Југославија (9-0) и од Бразил (3-0).

