Африкански шарм го разбуди пеколот на „Маракана“, Црвена ѕвезда е на сигурен пат кон ЛШ

Црвена ѕвезда има одлична предност од 3:0 по првото полувреме против Пјуник во Белград на првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Српскиот првак се мачеше речиси половина час да го пробие бункерот на гостите од Ерменија и потоа само за 15 минути постигна три гола.

Африканскиот шарм на стрелците, Букари од Гана, кој погоди во 29-тата и во 44-тата минута и на Замбиецот Кангва со гол во 35-тата минута го разбуди познатиот пекол на познатата „Маракана“, или како што сега се нарекува стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Имаше и еден поништен гол на Букари уште во третата минута, а и без него Црвена ѕвезда има огромна предност и шанса ако продолжи во ист ритам уште по првиот меч да си обезбеди плејоф двомеч за настап во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести