Африканските четвртфиналиња ќе бидат неефикасни

5702 Египет – Мароко (16.00 часот)

Победникот од овој четвртфинален меч на Африканскиот куп на нации, во полуфиналето ќе игра со домашниот Камерун. Овие селекции од северниот дел на Африка се стари ривали, престижот е голем. Египет на сите четири мечеви на Афкон одигра неефикасни мечеви со 0-1 гол, додека Мароко на последните две средби играше со 3+ голови, овој тим и даваше и примаше гол. Египет и Мароко речиси пет години не играле меѓусебе, тешко дека ќе има голеада, иако во двата тима има одлични напаѓачи.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.60)

 

3145 Динамо Загреб – Риека (17.30 часот)

Овој дерби меч во Хрватска е посебно значаен за Стефан Ристовски кој е поранешен член на Риека. Динамо и Риека имаат ист број бодови, но загрепскиот тим има и еден меч помалку. Риека има проблем со одбраната и нема да им биде лесно на „Максимир“. Во трка за титулата се и Осиек и Хајдук, па Динамо како домаќин против директниот конкурент, не би смеел да си дозволи кикс. Динамо во 2022 реди само победи, секогаш дава барем два гола, но многу од тие мечеви беа пријателски. Риека на 1 декември во Купот го победи Динамо во Загреб со 3-1, сега е време за реванш.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.53)

 

1661 Стандард Лиеж – Мехелен (18.30 часот)

Мехелен е интересен тим кој во 22 кола во белгиската лига има само три нерешени резултати. Стандард три кола не знае за пораз и има пет бода помалку од вечерашниот гостин. Мехелен не победил на гости уште од крајот на октомври. Традицијата најавува ефикасен меч. На последните четири нивни лигашки дуели во Лиеж, секогаш имало барем три гола. Стандард од 2018 чека домашен триумф над Мехелен.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

5703 Сенегал – Екваторијална Гвинеја (20.00 часот)

Подобриот од овој двобој го чека полуфинале на Африканскиот куп на нации против Буркина Фасо. Сенегал е фаворит на хартија. Екваторијална Гвинеја во осминафиналето славеше против Мали по подобро изведување на пенали, сигурно дека и вечерва би сакале да биде нерешено после 90 и 120 минути игра. Садио Мане кој се здоби со повреда на главата, би требало да може да игра. Сенегал уште нема примено гол на Афкон 2022, а Е. Гвинеја на сите мечеви играше неефикасно, со 0-1 гол. Сенегал победи со 1-0 на нивниот последен дуел во 2018 година.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.86)

 

5756 Канада – САД (21.05 часот)

Канада е изненадувачки лидер на табелата во квалификациите за СП во зоната на Северна и Средна Америка, но водството е тесно, со само еден бод пред САД, и два пред Мексико. Канаѓаните не знаат за пораз, и ако ги совладаат и Американците, ќе бидат многу блиску до пласман на Мундијалот во Катар. Во септември кога САД беше домаќин, овие тимови меѓусебе одиграа нерешено 1-1. И овојпат типуваме на слично или исто сценарио.

Предлог тип: ГГ (2.00)

- Оглас -

Најнови вести