Реал Сосиедад четвртипат во историјата, односно првпат по 2020 година, го освои Купот на Шпанија. Екипата од Баскија во финалето беше подобра од Атлетико Мадрид дури по изведувањето на пеналите. Мечот по 90 минути игра заврши нерешено, 2-2, а ист беше резултатот и по 120 минути игра во Севиља.
Унаи Мареро е херојот на Реал Сосиедад, со оглед дека ги одбрани пеналите на Сорлот и Алварес, а на спротивната страна Мусо успеа да го скроти само ударот на Оскарсон.
Диего Симеоне и по пет години останува без трофеј со Атлетико Мадрид, откако во 2021 година сензационално ја освоија Ла Лига.
Мечот во Севиља беше драматичен и во неговиот регуларен тек. Баранечеа ги доведе Баскијците во водство уште во 14-тата секунда, а Лукман израмни на 1-1 во 18-тата минута.
Ојарзабал од пенал во самиот финиш на првото полувреме донесе нова предност за екипата од Баскија, а Хулијан Алварес во 83-тата минута ги постави конечните 2-2.

