Африканско и јужноамериканско дерби во нокаут-фазата од Мундијалито

Најпријатното изненадување во досегашниот дел од Мундијалот за младинци до 20 години, селекцијата на Панама, денеска ќе има невозможна мисија против Украина. Репрезентацијата која влезе во нокаут-фазата, а зад себе ги остави Португалија и Норвешка ќе игра против непоразената Украина.

Украина игра цврсто во одбраната, а не создава ниту многу шанси за гол, па доколку Панама одигра како во групната фаза, не би требало да се очекуваат многу голови, иако европската селекција е голем фаворит.

Многу понеизвесно се очекува да биде на останатите два денешни дуели. Уругвај игра против Еквадор во дуелот на две јужноамерикански селекции, а ќе има и африканско дерби меѓу Сенегал и Нигерија. Селекцијата на Уругвај заедно со Франција се единствени перфектни на турнирот и имаат три победи во три средби. Еквадор како третопласиран се протна во нокаут-дуелите, но се очекува тука да биде и крајот за оваа селекција.

Ако Уругвај е перфектен по бројот на бодови, тогаш за Сенегал може да се каже дека ја има непогрешливата одбрана. Тоа е репрезентацијата која е единствена без ниту еден примен гол во трите дуели досега. Нигерија ќе има голем предизвик да ја сруши дефанзивата на тимот кој беше прв во својата група.

Фактот дека се игра еден меч, во кој сѐ е можно да се случи, ги прави овие дуели повозбудливи за обложување во Sport Life обложувалниците.

 

- Оглас -

Најнови вести