Нејмар е повторно повреден, а тоа доведе до нови шпекулации дека бразилската ѕвезда на Ал-Хилал, Нејмар, размислува за раскинување на договорот со саудискиот клуб и дека веќе постигнал договор за враќање во Сантос. Меѓутоа, агентот на играчот, Пини Захави, ги негираше овие тврдења истакнувајќи дека неговиот клиент нема намера да го напушти Ал-Хилал.
„Не водиме преговори за разделба. Тој има договор со Ал-Хилал и е многу среќен таму. Таткото на Нејмар и јас сме единствените кои можат да зборуваат за неговата иднина. Не знам од каде доаѓаат овие гласини“, изјави Пини Захави.
Договорот на Нејмар со Ал-Хилал трае до јуни 2025 година.
Претседателот на Сантос, Марсело Тешеира, исто така ги коментираше шпекулациите.
„Немам нови информации за Нејмар. Очекуваме вести поврзани со неговиот клуб и со него. Засега Сантос нема можност да се вмеша. Ако можевме, ќе го сторевме тоа. Тој има важечки договор. Ја следиме ситуацијата и кога ќе дојде до разделба, ќе дадеме изјава“, изјави Тешеира на прес-конференција.